ЕУ му се заканува на Twitter со санкции поради суспензии на новинарски профили

Објавено на 19.12.2022 во Новости



ЕУ му се заканува на Twitter со санкции поради суспензии на новинарски профили

Европската унија му се закани на сопственикот на Twitter, Илон Маск,  со санкции затоа што неколку новинари имаат суспендирани профили, затоа што ја следеле компанијата. Суспендирани се профили на новинарите од Times - Рајан Мек, од Post - Дру Харвел, од CNN - Дони О`Саливан и од Mashable - Мет Бајндер.

Комесарката на ЕУ, Вера Јурова вели дека новиот Закон за дигитални услуги на ЕУ, бара „почитување на медиумската слобода“. Германското министерство за надворешни работи му упати порака на Twitter дека „медиумската слобода не може да се вклучува и исклучува преку далечински управувач". Маск вели дека новинарите ги прекршиле правилата на Twitter за забрана за информирање за моментална локација на други лица, поради што нивните профили се суспендирани на седум дена.