Samsung ќе го одложи лансирањето на Galaxy S23 серијата!?

Објавено на 19.12.2022 во Android



Samsung ќе го одложи лансирањето на Galaxy S23 серијата!?

Samsung Galaxy S23 серијата ќе биде првото глобално лансирање во 2023 година и сега со нетрпение се очекуваат. Новата серија пристигнува со Snapdragon 8 Gen 2 процесор, обезбедена од Samsung Foundry, со тоа што брзината на X-3 јадрото на чипот ќе функционира со 3.32GHz, во споредба со 3.2GHz за истото јадро во регуларната TSMC верзија на процесорот.

Примарната задна камера на Galaxy S23 Ultra ќе биде со 200MP, но ќе биде многу подобра од онаа што Семи ја прави за Motorola Edge 30 Ultra. Најновите шпекулации на Twitter ликстерот @TheGalox_ се дека Galaxy S23 серијата ќе биде лансирана на средината, или кон крајот на февруари. Одложувањето на лансирањето на трите нови телефони, наводно, се поради неодлучноста за цената на компанијата.