Објавено е првото видео со топ-моделот OnePlus 11 за 2023

Објавено на 20.12.2022 во Новости



Објавено е првото видео со топ-моделот OnePlus 11 за 2023

На настан одржан по повод деветтата годишнина на компанијата, OnePlus објави видео тизер со претстојниот предводник OnePlus 11. На тизерот нема јасна слика и конкретни детали. OnePlus на видеото става акцент на камерата, затоа што само сензорите на камерата се јасно снимани.

Задната камера ќе биде со три сензори од брендот Hasselblad и еден LED блиц. Станува збор за познато име во светот на фотографијата, така што очекувањата од камерата на овој телефон е голема. Видеото не открива никакви детали, благодарение на претходните гласини, сега знаеме многу за телефонот: 6,7 инчен QHD+ дисплеј со 120Hz, Snapdragon 8 Gen 2 процесор, и 100W полнење. Главната камера ќе биде 50MP + 48MP и телефото камера со двоен зум. OnePlus 11 на пазарот излегува наскоро.