Детали за претстојниот HTC уред со кој што ги напаѓа Meta и Apple

Објавено на 20.12.2022 во Новости



Детали за претстојниот HTC уред со кој што ги напаѓа Meta и Apple

Уредите за виртуелната реалност се уште немаат голема популарност, а перспективата на тој пазар е огромна. Apple, следната година ќе го претстави својот AR/VR уред, додека HTC веќе претстави неколку уреди. Целта на HTC е да направи мали уреди со одлични опции. 

На Twitter е објавен и тизер, кој што во моментот не открива премногу. Непознатиот уред изгледа како очила, има предни и странични камери, батерија што издржува до 2 часа, а уредот ќе се испорачува со контролери за управување на содржини во виртуелна реалност.