Хрватската пошта ја претставува крипто-марката со мотив од легендарниот иноватор

Објавено на 20.12.2022 во Крипто



Хрватската пошта ја претставува крипто-марката со мотив од легендарниот иноватор

Авторите на новата крипто-марка се загрепските дизајнери Ивана Вучиќ и Томислав-Јуриц Качуниќ. Марката со номинална вредност од 50,00 куни и испечатена во 30.000 примероци. Промоцијата на четвртото издание од крипто-марката ќе биде пропратена со изложба на лични нешта од Никола Тесла во поштенската канцеларија.

Очилата, чантата, шеширот, стапот и ракавиците на Тесла ќе може да се видат од крајот на декември 2022 година, до почетокот на февруари 2023 година, во поштенската канцеларија. Новата крипто-марка ќе може да се купи во поштенските канцеларии, на мрежни страници и интернет продавници, каде што ќе може да се плати со криптовалути.