Google Lens наскоро ќе преведува и грозен ракопис на лекари со рецепти

Објавено на 21.12.2022 во Новости



Google Lens наскоро ќе преведува и грозен ракопис на лекари со рецепти

Google развива модел со вештачка интелигенција (AI), кој што може да дешифрира тешко читлив ракопис. Ќе се применува главно на белешки и рецепти напишани од лекари. Технолошкиот гигант објави во текот на својата годишна конференција во Индија на почетокот на неделата дека работи со фармацевти на создавање на алат во апликацијата Google Lens, кој што може да го декодира неуредно напишани медицински белешки, пренесува TechCrunch.

Google ја покажува својата способност за специфично откривање на лекови со рака напишан рецепт. Во моментот нема детали кога се очекува лансирањето на новата спецификација за дешифрирање на пишаниот текст со рака, туку само информација дека треба да се заврши уште многу работа пред да биде спремен овој систем за корисниците. Инаку, Google Lens е повеќенаменски алат за препознавање на предмети што ги покренување вештачката интелигенција, кој што може да се користи за откривање на поединечни производи, билки или животински видови за преведување на јазици. 

Автор: Aleksandar Stankov