Good Lock апликацијата на Samsung се проширува во повеќе земји

Објавено на 21.12.2022 во Android



Good Lock апликацијата на Samsung се проширува во повеќе земји

Good Lock апликацијата во сопственост на Samsung е една од најдобрите алатки за прилагодување на кориснички интерфејс на вашиот смартфон. Овозможува прилагодување на позадини, иконки на апликациите, апликации за камерата, тастатурата, па дури Settings апликацијата, само со Good Lock.

Good Lock досега беше ограничен за одредени пазари, но стануваат полека достапни и на други места: Австрија, Белгија, Бразил, Финска, Малезија и Холандија. Се уште немаме официјално податоци кога ќе пристигне и во нашата земја. Good Lock има режими како што се на пример: Wonderland и Nice Catch, од сопствената Galaxy Store продавница.