Google Pixel Tablet излегува во 2023, а веќе го продаваат на Facebook!?
Објавено на 21.12.2022 во Новости
Google во текот на својоата Google I/O конференција го спомна Pixel Tablet за прв пат. Кога беше лансиран Pixel 7 телефонот, Google откри дека ќе има Google Tensor G2 процесор, и постоље за да може да се користи како смарт екран.
Се очекува таблетот да излезе во текот на 2023 година, но се уште нема дата, цена и спецификации.
Уредот се уште е официјално недостапен, а на онлајн продавницата на Facebook, некој веќе продава Pixel Tablet, заедно со постоље. Според тие податоци, таблетот доаѓа со 256GB меморија, полнач и цена од 400 долари. Се уште не е разјаснета оваа ситуација за Google Pixel Tablet, а од Google се уште немаат коментар дали се работи за вистински прототип и како завршил на Facebook Marketplace.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.