Instagram објава го урна рекордот на број на лајкови во историјата

Објавено на 22.12.2022 во Новости



Instagram објава го урна рекордот на број на лајкови во историјата

Аргентина го освои Светското фудбалско првенство, во еден од највозбудливите финални натпревари во историјата. Аргентина ја победи Франција, а Лео Меси го „собори“ Instagram. Кога стана првак на светот, Меси објави повеќе фотографии на социјалните мрежи и објавите брзо почнаа да собираат милиони лајкови од љубителите на фудбалот од цел свет.

Со неговиот пост, Меси го урна досегашниот рекорд на Instagram, затоа што собрал најмногу лајкови досега (над 71 милион), а јасно е дека таа цифра и понатаму расте. Освен оваа објава, голем број на лајкови собра и објавата на Меси каде што се гледа како спие во креветот, прегрнувајќи го пехарот, за која доби 46 милиони лајкови.

Претходно јајцето го држеше рекордот со лајкови на Instagram, кој што сега Меси го надмина.

Автор: Aleksandar Stankov