Sony објави видео, спремаат автомобил во соработка со Honda

Објавено на 22.12.2022 во Електричен погон



Sony објави видео, спремаат автомобил во соработка со Honda

Sony не изненадува секогаш на саемот за потрошувачка електроника CES. Го покажал својот прв концепт за електричен автомобил. Компанијата тогаш го најави новиот оддел внатре во компанијата, наречен Sony Mobility, фокусиран на електрификацијата. 

Тоа станува тренд кај технолошките компании и можеме да видиме според примерот од Xiaomi и Huawei, т.е. Apple, кои што со години развиваат сопствено возило, иако немаат ништо официјално. Sony нема да го нападне сам пазарот на електрични возила, туку со Honda.

Honda ќе бидат задолжени за производство на автомобили, а Sony ќе ја развива платформата за сервис на мобилност и развој на infotainment систем. Sony во нивните автомобили би можеле да имплементираат и PlayStation 5. Sony на Twitter објави видео дека на CES саемот на 4 јануари 2023 ќе не изненади со нов модел на автомобил.