Microsoft ја спрема најголемата аквизиција досега - Netflix

Објавено на 23.12.2022 во Новости



Microsoft ја спрема најголемата аквизиција досега - Netflix

Додека Microsoft чека одобрување за аквизицијата на Activision Blizzard од 70 милијарди долари, извршниот директор веќе размислува за нови потези. Се уште нема официјални информации, но новинарите на Ројтерс типуваат дека следната цел ќе биде Netflix.

Ако Microsoft се одлучи за купување на најпознатиот стриминг сервис, тогаш сумата се очекува да биде околу 190 милијарди долари. Моменталната вредност на Microsoft изнесува 1,8 трилион долари, така што од финансиска страна не би било проблем. Со Netflix во своја сопственост, Microsoft ќе им понуди на корисниците филмско-гејмерска содржина, кој што ја вклучува ерата за компјутери и Xbox, како и сервис за стриминг видеа, на кои што никој не би можел да им конкурира.