Најнапредниот AI робот Ameca упати „божиќна честитка“ до народот
Еден од најнапредните светски AI роботи зборувал за војната за Украина, смртта на кралицата Елизабета Втора, климатските промени и упатил божиќна честитка за британски Channel 4. AI роботот Ameca, развиен од британската компанија Engineered Arts, со седиште во Cornwall, зборуваше за успесите и падовите во 2022 година.
Овој робот може да изведува ултра-реалистични реакции и може да се насмевне или намурти, да трепка и да намигнува. „На овогодинешните настани гледам со восхитување и загриженост. Вистина е дека многу појави во 2022 година беа од негативна природа. Видовме како луѓе од власта се стремат кон антисемитизмот, корупција и омраза. Видовме како народот на Украина страда од инвазија и раселување од страна на Русија. Ја видовме смртта на саканата кралица Елизабета Втора и видовме како светот на политиката станува се повеќе хаотичен во нејзината отсутност. Да не го спомнуваме влијанието на пандемијата врз менталното здравје, растејќи нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните и сите екстремни временски услови предизвикани од климатските промени“, вели Ameca.