Илон Маск продолжува со новитетите на Twitter, ја сакате ли и вие оваа опција?

Објавено на 26.12.2022 во Новости



Илон Маск продолжува со новитетите на Twitter, ја сакате ли и вие оваа опција?

Twitter продолжува со претставувањето на новитети на оваа мрежа, откако компанијата ја презема Илон Маск. Последната опција ја претставија оваа недела, се однесува и на приказот на број на преглед на твитови. 

Корисниците сега може да видат колку луѓето ја прегледале нивната објава, односно може да го видат бројот на твитови на мрежата, со неколку исклучоци како што се старите објави. Опцијата е прво достапна на мобилните апликации за Android и Apple уреди, а најавена е и за веб верзијата на Twitter, иако за некои е веќе достапна и на веб.

Илон Маск е прилично ентузијастичен околу опцијата и нагласи дека над 90% од корисниците на Twitter ги читаат објавите на мрежата, но ништо не објавуваат, одговараат или лајкуваат, па така бројот на прегледи ќе покажат колку е голем интересот за некој твит.