Tesla Model Y го собори продажниот рекорд на VW Buba од 1969 година

Објавено на 26.12.2022 во Електричен погон



Tesla Model Y го собори продажниот рекорд на VW Buba од 1969 година

Продажните бројки на електрични автомобили достигнаа до 65%, во што не спаѓаат хибридните возила. Тоа е во Норвешка. Оваа година поабрувачката за електрични возила е поголема и изнесува дури 80%, речиси 90% ако ги вклучиме и хибридните возила.

Најголема побарувачка во Норвешка има за Tesla Model Y. Овој автомобил го собори рекордот за продадени парчиња, кој што досега го држеше легендарниот Volkswagen од 1969 година. Тогаш во Норвешка се продадени 16.709 парчиња од моделот Buba, при што досега се продадени 16.748 парчиња од Model Y. До крајот на годината таа бројка би требало да се приближи кон 18 илјади и прашање е колку долго Tesla автомобилите се рекордери според бројот на продадени возила во текот на една година. Втор најпродаван е Volkswagen ID.4, со 11 илјади продадени парчиња, а на трето место е Škoda Enyaq iV.