Honor го претстави својот најмоќен ѕвер - 80 GT

Објавено на 27.12.2022 во Android



Honor го претстави својот најмоќен ѕвер - 80 GT

Honor го претстави новиот Honor 80 GT, кој доаѓа со Snapdragon 8+ Gen 1 процесор, помал OLED дисплеј од 6,67 инчи, резолуција од 1.080 x 2.400 пиксели, 10-битна длабочина на бои, 100 проценти покриеност на опсегот на бои DCI-P3, осветленост од 1.400 нити и фреквенција од 120Hz.

За брзината имате 12/16GB RAM + 256GB ROM меморија, камера од 54MP со IMX800 сензор на Sony (1/1,49 инчи, f/1,9), ултра-широка камера од 8MP (f/2,2) и макро-камера од 2MP.

Селфи камерата од 16 MP (f/2.4) е од предната страна. Уредот има батерија со капацитет од 4.800mAh, со поддршка за брзо полнење на Honor од 66W. Има Android 12 оперативен систем и Magic UI 7.0 кориснички интерфејс.

Honor 80 GT ќе биде достапен во црна, сина и бела боја, додека неговата цена се движи од 475 до 520 долари.