Новата перископска камера на Xiaomi 13 Ultra „ќе ги шокира сите“

Објавено на 29.12.2022 во Android



Новата перископска камера на Xiaomi 13 Ultra „ќе ги шокира сите“

Во седиштето на Xiaomi во Пекинг се разговарало за телефото камерата на Xiaomi 13 Ultra. По се изгледа дека ќе може да очекуваме нови перископски леќи за Xiaomi 13 Ultra, со кои што се очекува да се надмине конкуренцијата.

Според последниот твит на Kartikey Singh, перископската камера на Xiaomi 13 Ultra „ќе ги шокира сите“. Перископската камера е странично поставена цевка, која се превиткува во внатрешноста на смартфонот и применува призми, со цел да ја одбие светлината што доаѓа од објективот до сензорот за сликата. Xiaomi 13 Ultra се очекува да пристигне со 16GB LPDDR5X RAM меморија и 1TB UFS 4.0 меморија. Xiaomi би требало да го претстави новиот модел на почетокот на 2023.