Huawei се ребрендира во Wiko за да добие 5G поддршка

Објавено на 30.12.2022 во Новости



Huawei се ребрендира во Wiko за да добие 5G поддршка

Huawei Nova 9 SE беше лансиран во март оваа година, но телефонот мораше да биде со 6nm Snapdragon 680 4G процесор, поради забраната од САД. Huawei не смее да има 5G телефони поради правилото за извоз, наметнато од забраната од САД.

Huawei сега сака да ја избегне забраната од САД, со тоа што го користи францускиот бренд на Wiko, со цел да избегне враќање на пазарот од ребрендирањето на Huawei Nova 9 SE, како Wiko 5G. Телефонот применува чипсет за кој што Huawei нема дозвола - Snapdragon 695 процесор со 5G поддршка.

Wiko 5G, е ист како Nova 9 SE, кој располага со 6.78-инчен LCD дисплеј со FHD+ резолуција од 1080 x 2388 пиксели и 120Hz. Има прединсталиран HarmonyOS, што значи дека добива софтверска поддршка директно од Huawei. Цената на Wiko 5G изнесува 290 долари за моделот со 128GB или 315 долари за моделот со 256GB.