Galaxy S23: Посветли екрани, поголема батерија и подобрено ладење

Објавено на 01.01.2023 во Новости



Galaxy S23: Посветли екрани, поголема батерија и подобрено ладење

2022 година е веќе на прагот за заминување. Лансирањето на Samsung Galaxy S23 серијата се очекува на 1 февруари, 2023 година. @IceUniverse тврди дека Galaxy S23 и Galaxy S23+ добиваат надградба во батеријата со плус 200mAh. S23 Ultra ќе биде со ист капацитет на батеријата како ланскиот модел.

Galaxy S23+ и S23 Ultra ќе бидат со поддршка за 45W брзо полнење, додека S23 е заглавен со 25W. S23 добива повисока светлост на екранот со максимум 1750 нити. Galaxy S22 има светлост до 1300 нити. Новиот начин на ладење се потенцира кај новите модели, дека ќе биде поефикасно.