OnePlus 11 објавен на видео, со нов дизајн за камерата

Објавено на 03.01.2023 во Новости



OnePlus 11 објавен на видео, со нов дизајн за камерата

OnePlus 11 серијата наскоро ќе биде претставена, а веќе деталите излегуваат на виделина предвремено. Главната промена е кружниот остров за сместување на камерите, со 50MP сензори, најновиот Snapdragon 8 Gen 2 процесор, со слаба брзина од Galaxy S23 серијата. 

Телефонот ја носи најбрзата LPDDR5X RAM меморија со UFS 4.0 меморија, 12GB RAM + 256GB ROM меморија и другата верзија се состои од 16GB RAM + 256GB ROM верзија, или пак 16GB RAM + 512GB ROM меморија.

OnePlus 11 се очекува да биде со 6.7 инчен заоблен OLED дисплеј и QHD+ резолуција од 1440 x 3216 пиксели, како и фреквенција од 1Hz-120Hz. OnePlus ќе ја ослободи 11 серијата со ColorOS 13 кориснички интерфејс, базиран на Android 13. Батеријата ќе биде 5,000 mAh и брзина на полнење од 100W. Видеото со телефонот може да го погледнете на овој линк.