Oppo оди по стапките на Apple и Google

Објавено на 03.01.2023 во Android



Oppo оди по стапките на Apple и Google

Apple во своите смартфони, таблети и компјутери, користи свој дизајниран хардвер. Во оваа насока тргна и Google со последните Pixel телефони. Ice Universe објави дека и Oppo планира да продолжи по ист пат. Тој тврди дека Oppo формирал тим на „илјада вработени“, кој што ќе работи на овој проект, кој што претставува радикална промена во операциите на Oppo. 

Деталите за плановите се уште се непознати. Google за дизајнирањето на својот чипсет се одлучи за Samsung како партнер. Со оглед на тоа што Oppo е дел од кинескиот конгломерат BBK Electronics, кој што вклучува и бројни други познати брендови во светот на потрошувачката електроника како што се Vivo, OnePlus, Realme и други, прашање е дали и нивните уреди ќе ги користат чиповите што ги развива Oppo.