Acer го откри Halo Swing смарт звучникот со Google Assistant
Објавено на 04.01.2023 во Новости
Acer е добро познат во компјутерската и лаптоп индустријата, но не толку многу на пазарот со смарт звучници. Новиот модел Halo Swing е наследник на Halo од 2020 година: DTS звук, LED дисплеј и RGB светлост. Новиот Acer Halo Swing би можел да биде интересна алтернатива, кој беше претставен на CES 2023.
Halo Swing смарт звучникот има Google Assistant поддршка, DTS звук LED дисплеј. DTS Sound ставката овозможува подобрен звук и бас, што се навистина голем плус за моделот доколку сте големи љубители на музика. Се разбира, звучникот има и RGB -светло, што се прилагодува на звукот што излегува од песните. На тој начин ќе имате и диско топка во вашата соба.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.