Sony има одлични вести за сите што сакаат да купат PlayStation 5

Објавено на 06.01.2023 во Игри



Sony има одлични вести за сите што сакаат да купат PlayStation 5

Проблемите со новата конзола на Sony почнаа уште од 2020 година, кога почна продажбата на овите гејмерски конзоли на Sony, што е голем проблем за компанијата. Сите што сакаа да ја купат, не беше достапна, исто како млекото за време на Југославија. Поради проблемот со чипови и огромната побарувачка за конзолата, многумина не можеа да дојдат до PlayStation 5, односно мораа долго време да чекаат за конечно да ја добијат конзолата.

Проблемите со недостаокт се зад нас, така изјавиле од јапонската компанија на CES: „Отсега, сите што сакаат PlayStation 5, ќе може полесно да го најдат во продавниците низ цел свет“, вели првиот човек на Sony за PlayStation, Џим Рајан. Продажбата на новите конзоли се однесува за 30 милиони конзоли, кои од ноември се продадени само 5 милиони плејки.