Еве како изгледа такси превоз со автономно возило без возач
Објавено на 09.01.2023 во Електричен погон
Го повикувате таксито и кога ќе пристигне, до вратата позади имате дисплеј со броеви. Потоа го внесувате кодот што ви е даден кога сте го повикале возилото и така ви се отвара вратата.
Му давате посакувана локација и веднаш си ја гледа работата. Возилото внимателно застанува, тргнува и врти, исто како да има човек, но на седиштето нема никого. Ова е иднината со автономните такси возила, кои што се уште не се тотално испитани и во моментот се препорачува да има возач зад воланот. Што велите, би пробале ли ваков превоз во моментот?
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.