Apple целосно се откажува од iPhone SE!?

Објавено на 09.01.2023 во iOs



Apple целосно се откажува од iPhone SE!?

iPhone SE е најевтин смартфон на Apple, за кого се очекуваше дека ќе има повторно таков модел во 2024 година, со помал екран, нов процесор, 4G мрежа, итн. Меѓутоа, Минг-Чи Куо вели дека нема да има ништо од тоа. Наводно Apple целосно се откажал од неговиот развој.

Тоа би можело да значи и крај за оваа серија на евтини Apple телефони. Новиот SE би требало да има и нов Apple мобилен чип со 5G поддршка, но од него се откажале, затоа што неговите перформанси не се на ниво на перформансите на Qualcomm чиповите, кои што моментално се вградени во iPhone. Новиот SE ќе биде тест за чипот на Apple. Ако тој тест се покаже како успешен, неговите чипови би се вградиле во моделите на iPhone 16, кои што ќе бидат претставени од компанијата на Тим Кук во септември, 2024 година.