OnePlus 11 претставен за глобален пазар со Snapdragon 8 Gen 2 процесор

Објавено на 09.01.2023 во Новости



OnePlus 11 претставен за глобален пазар со Snapdragon 8 Gen 2 процесор

OnePlus 11 е лансиран на кинескиот пазар, додека на глобално ниво излегува следниот месец. Сега корисниците може да го преднарачаат, додека самата продажба почнува во понеделник на 9 јануари. Телефонот доаѓа со 6,67 инчен AMOLED екран, 2K резолуција и фреквенција од 120Hz.

Под хауба има Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2 процесор, со 35% подобри перформанси во споредба со претходникот, 16GB RAM меморија и 5000mAh батерија со 100W полнење преку Oppo SuperVOOC системот за брзо полнење.

Задната тројна камера се состои до главен сензор од 50MP на Sony IMX980, ултра-широка камера од 48MP и портретна камера од 32MP со напредни ефекти на замаглување на позадината и длабочината. Од предната страна се наоѓа камерата за селфи со резолуција од 16MP, изработени сензори во соработка со Hasselblad

Автор: Aleksandar Stankov