Долгоочекуваниот AR/VR уред на Apple пристигнува за неколку месеци

Објавено на 10.01.2023 во iOs



Долгоочекуваниот AR/VR уред на Apple пристигнува за неколку месеци

Apple оваа година ќе претстави нов уред за виртуелна и проширена реалност, за која што се зборува со години, а неговото претставување можеме да го очекуваме во текот на пролетта. Марк Гурман тврди дека новиот уред ќе пристигне пред WWDC конференцијата.

Наводно, девелоперите веќе го добиле уредот за тестирање, но тој е далеку од конечно завршен. Apple се уште мора да работи на хардверот и софтверот пред да се пушти во продажба.