Што троши помалку енергија за загревање вода - бокал, шпорет или микробранова?

Објавено на 10.01.2023 во Туториали



Што троши помалку енергија за загревање вода - бокал, шпорет или микробранова?

Ако сакате да загреете вода и се прашувате како ќе потрошите помалку електрична енергија, експертите советуваат електричен бокал, затоа што троши помалку струја од микробрановата печка и шпоретот. На кратко, повеќето бокали имаат автоматско исклучување, што спречува понатамошно загревање, откако водата зоврира. Така не се троши непотребна енергија.

Се разбира, се зависи што планирате да направите и за што ви е потребна водата, затоа што електричните бокали не се совршен избор за се. Ако сакате да направите супа, најдобро е да користите микробранова, ако станува збор за помали количини, до половина литро. За едно литро или повеќе е исплатливо да користите плоча на електричен шпорет.