Samsung Galaxy S23 Ultra: Спремни ли сте за „mooore“ камера

Објавено на 12.01.2023 во Новости



Samsung Galaxy S23 Ultra: Спремни ли сте за „mooore“ камера

„Mooore“ (повеќе) стои на слоганот на новата серија на Samsung, кај која што се става акцент на камерата. На сите тизери што излегоа, има слики само со камера.

Тоа значи дека компанијата овој пат навистина се потрудила да направи одлична камера. 200MP сензор се очекува кај Samsung Galaxy S23 Ultra, додека S23 и S23+ доаѓаат со 108MP главни сензори. Сликата со „месечина-камера“ значи дека ќе имаме Space Zoom покрај 200MP сензор од 1/1.3".