Која е Марина Освалд што праќа пораки на e-mail?!

Објавено на 12.01.2023 во Туториали



Која е Марина Освалд што праќа пораки на e-mail?!

Телефони.мк како медиум постојано се труди да ги едуцира своите читатели за измамниците што секојдневно не демнат на интернет, без разлика дали се возрасен или млад. Мора да се научиме да ги препознаваме оние што сакаат да изнудат нешто со трикови на интернет.

Претходно пишувавме, сега повторно имаме порака на e-mail од некоја си Марина Освалд. Таа наводно била во брак со богат човек, кој сега починал и сега парите сака да ги донира, а вие наводно сте личноста што ја одбрала за да и помогне да ги донира. Таа се лекува во болница и наводно не може да ја заврши таа работа. Погледнете го писмото и се ќе ви стане јасно.

Како најлесно да препознаеме измама? Ќе забележите граматички грешки, затоа што е преведувано од друг јазик преку Google Translate и дека токму вас ве одбрала, не познавајќи ја. Да, изгледа многу добро кога некој сака да ви даде пари, но кога ќе ви ја исцеди сметката, нема да ви е пријатно.

Автор: Aleksandar Stankov