Уште една слика со цела серија на Samsung Galaxy S23

Објавено на 12.01.2023 во Новости



Уште една слика со цела серија на Samsung Galaxy S23

Уште една слика протече на Twitter со сите три модели во црна боја. Веруваме дека на 1 февруари, 2023 година, ќе бидат откриени иновации со новите премиум Galaxy телефони. Во меѓувреме, имаме многу време за објавување на тајни слики, кои што не се официјални од производителот, но сепак излегуваат на крај вистинити.

Galaxy S23 ќе има сличен дизајн како својот претходник. Неговиот поголем брат, Galaxy S23 Plus, во поголемиот дел од надворешноста ќе биде ист, додека Galaxy S23 Ultra ќе биде тој што добива поголеми надградби во се.