Приходите на шефот на Apple оваа година паднаа под 40%

Објавено на 17.01.2023 во iOs



Приходите на шефот на Apple оваа година паднаа под 40%

Откако Стив Џобс го препушти Apple во рацете на Тим Кук, акционерите беа загрижени околу иднината на компанијата. Причини за загриженост нема, затоа што Кук се покажа како брилијантен директор, под чие водство Apple надмина прво една милијарда, потоа две милијарди и на крај три милијарди долари.

Се разбира, Тим Кук е заслужен за својата работа, па така во 2020 година се приклучи кон овластениот клуб на милијардери. Годишната плата на Тим во Apple изнесува 3 милиони долари, но тој ги остварува парите најмногу преку бонуси и акции што му припаѓаат како извршен директор, за остварени успеси во компанијата. Заработката во минатите две години беше речиси по 100 милиони долари годишно. 

За 2023 година цифрата е помала за 40%, но тоа е затоа што Тим Кук го побарал тоа. Неговите приходи според моменталниот план за 2023 година, би требало да изнесуваат 49 милиони долари.