Galaxy Z Fold 5 ќе биде со 108MP камера и мазен (отворен) екран

Објавено на 18.01.2023 во Преклопни уреди



Galaxy Z Fold 5 ќе биде со 108MP камера и мазен (отворен) екран

Samsung се обидува да најде начин за да ги креира своите производи уникатни, со цел да се разликуваат од другите. Се шпекулира дека Samsung сака да го направи Galaxy Z Fold 5 да биде без линија на средината, туку мазен. Се разбира, за таа цел мора да иновира нов механизам за отварање.

Samsung вложува се во своите преклопни телефони, додека другите производители играат само со безбедна карта. Се зборува дека Samsung развил нова структура со механизми, што  му овозможува на екранот да „потоне“ во телото на телефонот, и да превенира за внатрешниот дисплеј да се создаваат бразди. Овој нов дизајн ќе му овозможи на Fold 5 да се преклопи и да изгледа високо.