Galaxy S23 Ultra ќе биде со две задни телефото камери од 3x и 10x оптички зум
Објавено на 20.01.2023 во Android
Со примарниот сензор на Galaxy S23 Ultra од 200MP, очекуваме и еден пар на телефото камери од 10MP. Едната телефото камера ќе биде со 3x оптички зум, додека другата ќе биде со 10x оптички зум. Ќе има 12MP ултра-широка камера и предна селфи камера од 12MP.
Топ моделот ќе биде со 6.8-инчен Dynamic AMOLED дисплеј, QHD+ резолуција со 1440 x 3088 пиксели, како и 120Hz екран. Под хауба ќе има оверклокуван 4nm Snapdragon 8 Gen 2 процесор, 12GB RAM + 256GB ROM меморија. Батеријата од 5000mAh ќе биде со 45W полнење преку кабел и 15W безжично полнење. Android 13 софтверот ќе биде прединсталиран. Samsung Unpacked настанот ќе може да се гледа на YouTube каналот на Samsung или на веб страницата Samsung Newsroom, на 1 февруари.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.