iPhone 15 Ultra ќе биде со 10х зум камера од LG

Објавено на 23.01.2023 во iOs



iPhone 15 Ultra ќе биде со 10х зум камера од LG

Најновите неофицијални информации се дека LG развива продолжено зумирање, со подобрен опсег на камерата во споредба со најдобриот сензор на Sony моментално. LG во партнерство со Qualcomm ќе креира нова технологија, која што ќе биде оптимизирана за да функционира со новиот Snapdragon 8 Gen 2 процесор.

LG Innotek (подружница на LG Display) дизајнира, произведува и продава електротехнички материјали, компоненти и уреди на големи компании за потрошувачка електроника, во кои спаѓа и Apple. Според најновите информации, Apple ќе работи со LG Innotek на нов систем за зумирање, за најновата iPhone 15. Кај Ultra iPhone се очекува да има 1-10x варијабилен систем на зумирање.