Samsung со видео го промовира Space Zoom и Night Mode за Galaxy S23 Ultra
Објавено на 23.01.2023 во Новости
Samsung Galaxy S23 Ultra ќе биде со неверојатна камера со главен сензор од 200MP, заедно со 12MP ултра-широка камера, 10MP телефото камери, од кои едната со 3x оптички зум и другата 10x оптички зум, со можност за дигитален зум до 100x.
Може ли новиот премиум модел на Samsung да ја фати и месечината? На YouTube shorts има објавено видео, на кое што компанијата сака да каже дека новата камера може да прави слики и со Месечината.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.