Qualcomm Snapdragon 8cx Gen 4 е убиецот на Apple M чипсетот

Објавено на 24.01.2023 во Новости



Qualcomm Snapdragon 8cx Gen 4 е убиецот на Apple M чипсетот

Познатиот производител на чипови Qualcomm, наводно развива нов процесор "Snapdragon 8cx Gen 4", како одговор на предизвикот од идните процесори на Apple M-серијата. Финални детали за Snapdragon 8cx Gen 4 се уште нема.

Snapdragon 8cx Gen 4 овозможува моќни перформанси во споредба со другите процесори што ги развива Qualcomm. Новиот процесор е објавен на Twitter од познатиот ликстер Kuba Wojciechowski. Тој тврди дека чипот ќе биде со четири јадра со енергетска ефикасност и осум јадра со моќни перформанси - 12 мегабајти L2 предмеморија и 8 мегабајти L3 пред-меморија. Кодното име на најновиот чип е наводно "Hamoa", вели Wojciechowski.