Honor се спрема за европски пазар со Magic Vs за MWC 2023

Објавено на 25.01.2023 во Новости



Honor се спрема за европски пазар со Magic Vs за MWC 2023

Официјалната страница на MWC конгресот во Барселона открива дека Honor ќе има свој штанд. Се очекува да биде претставен новиот преклопен телефон на Honor, Magic Vs, кој досега беше достапен само во Кина.

Со својот преклопен смартфон, Honor има за цел да ги освои европските потрошувачи. Интересни се шпекулациите, кои што зборуваат за светската премиера на новиот смартфон од Honor - серија Magic5 (со моделите Magic5, Magic5 Pro и Magic5 Ultimate/Prestige Edition). Се прогнозира дека новиот Honor телефон пристигнува на европскиот пазар со Snapdragon 8 Gen2 процесор.

Magic5 Pro и Magic5 Ultimate верзиите би можеле да бидат со четири задни камери, од кои едната ќе биде со 100х зум. Magic5 ќе биде со 6,8-инчен OLED HDR10+ екран, Android 13, Magic UI 7.0 и 5G конекција. Батеријата ќе биде од 4800 mAh до 5000 mAh.

Автор: Aleksandar Stankov