Легендарната компјутерска игра Deluxe Ski Jump е повторно хит во светот

Објавено на 25.01.2023 во Игри



Легендарната компјутерска игра Deluxe Ski Jump е повторно хит во светот

Deluxe Ski Jump е легендарна компјутерска игра, која што беше супер популарна пред 20 години. Сега повторно стана хит, затоа што авторот на играта развил и мобилна верзија од играта. 

Во App Store е хит, затоа што таму излегува на врвот на популарните апликации. Во играта се работи за симулација на скијачки скокови, како што може да погледнете на видеото одозгора. Играта е дизајнирана од Јуси Коскела од Финска, која доживеала четири верзии, но втората верзија останала најпопуларна. Играта е достапна и за Android корисници.