iPhone 13 сега може да се купи за 15% поевтин од Apple!?
Објавено на 26.01.2023 во iOs
iPhone 14 линијата е речиси идентична како претходната серија, затоа корисниците не се многу воодушевени од најновата серија. iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max се подобри во секој аспект во споредба со iPhone 14 моделите.
Затоа Apple ги прекина овие два модела, наместо да понуди попуст во цената. 4 месеци после дебито на iPhone 14, уште еднаш ќе можете да купите iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max директно од Apple. Компанијата од Купертино официјално продава ремонтирани (обновени) iPhone 13 модели. Целата серија со стандардниот iPhone 13 се веќе достапни, кои може да се купат во неколку европски земји. Американските продавници на Apple Store наскоро ќе почнат со продажба на обновени верзии исто така. Цените се пониски за 15% од регуларните.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.