Индија го претстави конкурентот на Google, кој држи монопол на пазарот

Објавено на 27.01.2023 во Android



Индија го претстави конкурентот на Google, кој држи монопол на пазарот

Во некои држави Google е монопол и го држи речиси целиот пазар на смартфони, на пример во Индија зазема 97% од пазарот. Повеќе од 600 милиони корисници на смартфони на своите уреди имаат инсталиран Android оперативен систем, покажал извештајот на Counterpoint Research.

Поради таквите ситуации, регулаторното тело за конкурентност во Индија минатата година заклучило дека Google ја злоупотребува својата доминантна позиција на пазарот и така им наредиле да ги отстранат рестрикциите наметнати од производите на смартфони. За да не зависат од Google, индиската влада најавила развој на домашен оперативен систем, а веќе и почнале тестирањата на BharOS оперативниот систем.