Coca-Cola смартфон се готви во анонимна фабрика, излегува наскоро

Објавено на 27.01.2023 во Новости



Coca-Cola смартфон се готви во анонимна фабрика, излегува наскоро

Неофицијално глобалната компанија за продажба на сок, Coca-Cola, започнала соработка со некои од производителите на смартфони, со цел да лансира смартфон, брендиран со своето име. Веќе се објавени и слики на интернет.

Уште во овој квартал новиот Coca-Cola телефон ќе биде пуштен во продажба само за индиски пазар. Анонимен останува производителот и понатамошната достапност на телефонот.

Наводно, се очекува од Coca-Cola телефонот да биде со 6,5-инчен AMOLED дисплеј, MediaTek Helio G99 процесор со 8GB RAM меморија, 50MP задна камера и 16MP предна камера. За полнење ќе има USB-C влез, 5000mAh батерија со 33W SuperVOOC полнење и 4G конекција.

Автор: Aleksandar Stankov