Google овозможува биометриски табови за Chrome на Android

Објавено на 27.01.2023 во Android



Google овозможува биометриски табови за Chrome на Android

Google Chrome е најпопуларен прелистувач на веб во светот. Сите го користат и за персонални компјутери, и за телефони. Кај овој прелистувач често се користи опцијата за анонимно сурфање.

При анонимното сурфање, Chrome не ја памти историјата на прелистување. Затоа, како дополнителна мерка за заштита на смартфоните, Google на почетокот на 2021 година ја претстави оваа опција за Apple, а сега е достапна и за Android. Пред лансирање на анонимен прозорец, прво треба да ги отклучите сите табови преку биометрија, сензор за отпечатоци на прсти или поглед.