iPhone 15 ќе биде со убав дизајн, сличен на Android

Објавено на 28.01.2023 во iOs



iPhone 15 ќе биде со убав дизајн, сличен на Android

iPhone 15 серијата е осум месеци подалеку од нас, но веќе протекуваат информации. Ликстерот ShrimpApplePro тврди дека коцкастиот дизајн на iPhone 14 сега ќе биде променет со заоблени агли, како што беше iPhone 5c.

iPhone 15 ќе биде со иста големина како што е iPhone 14 серијата, со два стандардни модела со 6.1-инчен и 6.7-инчен екран и два подобри модела со 6.1-инчен и 6.7-инчен екран. Подобрите модели ќе се нарекуваат iPhone 15 Pro и 15 Ultra, со потенки рамки од нивните претходници.