Galaxy S23, Galaxy S23+ постери се објавени, со акцент на фотографијата

Објавено на 30.01.2023 во Android



Galaxy S23, Galaxy S23+ постери се објавени, со акцент на фотографијата

Имаме уште два дена до 1 февруари за Samsung Unpacked евенетот. Постерите на Samsung за Galaxy S23 преднарачки се веќе објавени. Постерите откриваат дека новите модели се фокусираат на фотографија. 

Шефот на мобилната дивизија во Samsung, ТМ Роу, претходно пишуваше дека Galaxy S23 серијата ќе има смарт систем на про-камера, овозможувајќи да ги креира најдобрите фотографии и видеа досега, во споредба со било кои други Galaxy смартфони

.Можете да го гледате Unpacked евентот на Samsung YouTube каналот, или на веб страницата на Samsung Newsroom.