Прв поглед со реални слики од Huawei P60 Pro

Објавено на 04.02.2023 во Новости



Прв поглед со реални слики од Huawei P60 Pro

Huawei P60 серијата се очекува да биде откриена следниот месец. На сликата можеме да видиме правоаголен модул на камерата. сместен на горниот лев агол од задната страна на телефонот. 

Одоздола има USB-C влез за полнење, заедно со еден звучник, додека целиот телефон, заедно со камерата се чиста бела боја. Сликите со P60 Pro изгледаат навистина реално. Модулот за камерата кај P50 Pro беше во овална форма, но сега е во правоаголна форма. Главната камера на P60 Pro со бленда f/1.4, Sony IMX888 главен сензор од 50MP. Телефото камерата ќе биде 64MP OmniVision OV64B сензор. 

Huawei P60 Pro се очекува да пристигне со HarmonyOS 3.1, Snapdragon 8+ Gen 1 4G процесор или Snapdragon 8 Gen 2 4G процесор, брзо полнење од 88W , 6.6-инчен AMOLED дисплеј со 120Hz и QHD+ 1440 x 3200 резолуција.