Realme и Coca-Cola направија нов телефон - 10 Pro 5G

Објавено на 11.02.2023 во Новости



Realme и Coca-Cola направија нов телефон - 10 Pro 5G

Realme е еден од брз-растечките брендови во светот, кој сега го претстави Realme 10 Pro 5G Coca-Cola Edition. Изгледот на телефонот е инспириран од класичните бои и фонтот од брендот Coca-Cola, со асиметричен дизајн на позадината.

Coke® црвената боја остава позитивен и енергичен впечаток, а брусениот алуминиум дава елегантен дизајн. Realme 10 Pro 5G Coca-Cola е отпорен на гребаници и отпечатоци од прсти.

Под хауба има Snapdragon 695 5G процесор, батерија од 5000 mAh, ProLight камера од 108MP главен сензор, 8GB+8GB динамичка RAM меморија и 1TB надворешна меморија.