Европската унија спрема дигитален здравствен пасош

На пленарна седница во Европскиот одбор за регионот се расправало за дигитални здравствени пасоши во ЕУ. За слободно движење на луѓето низ Европската унија, потребно е да се овозможи и слободно движење на нивните здравствени податоци.
Со цел да се олесни размената на здравствените податоци, целта е граѓаните да може да пристапат кон своите здравствени податоци во електронски формат, кој што може да се препознае и да се прифати во целата Унија. Значи, се забрзува процесот на дигитализација во здравствениот систем во ЕУ, кој во сите држави членки ќе мора да се имплементира. Граѓаните и истражувачите ќе имаат корист од новиот здравствен систем.
Дигиталниот здравствен пасош би функционирал како добро познатата EU COVID потврда, со што ќе овозможи пристап кон сите здравствени податоци на граѓаните во секој момент, односно каде и да патуваат, во било која држава членка, да може лекарите да имаат увид.