iPhone 14 Pro Max се продава за 1.100 долари, знаете ли колку чинат неговите компоненти

Објавено на 14.02.2023 во iOs



iPhone 14 Pro Max се продава за 1.100 долари, знаете ли колку чинат неговите компоненти

Телефоните на Apple никогаш не беа евтини, но со текот на времето, компанијата го зголеми бројот на модели, кои што ги претставува и цената на најмоќните верзии на нивните мобилни уреди надмина илјада долари. 

Цената на iPhone 14 Pro Max изнесува 1100 долари. Ако сакате помоќна верзија може и да доплатите. Counterpoint го пресметале трошокот на материјалот потребен за производство на моделот, со предупредување дека трошокот се разликува во зависност од антената за 5G. Материјалот за производство се движи од 454 до 474 долари. Значи, цената на материјалите за производство на iPhone 14 Pro Max со 128GB меморија чини 42% од неговата продажна цена, што е одлична маржа.