iPhone Fold ќе биде со сензор на допир од страните, без home копче

Објавено на 15.02.2023 во Преклопни уреди



iPhone Fold ќе биде со сензор на допир од страните, без home копче

Apple се уште го усовршува својот преклопен iPhone, додека Samsung веќе сам го јаде колачот од пазарот. Компанијата од Купертино се уште не се брза да го лансира својот преклопен смартфон, но работи на случајот.

Излезе нов патент од Apple, регистриран за нов уред во стилот на: „електричен уред со дисплеј и област со сензор на допир“. AppleInsider го „детектирал“ новиот патент, за кој што се претпоставува дека потенцијалниот преклопен iPhone Fold ќе има рабови што ќе имаат сензори за допир.