Шефот на Google: „Најважната работа што можеме да ја направиме...“

Објавено на 16.02.2023 во Новости



Шефот на Google: „Најважната работа што можеме да ја направиме...“

Сундар Пичаи и екипата од Google не реагираа во вистинско време кога чет-ботот ChatGPT излезе. Microsoft не губел време и вложиле многу пари во OpenAI и така ја искористиле новата технологија. Така неодамна претставија нова верзија на пребарувачпт Bing и прелистувачот Edge, во кои што го имплементирале AI.

Чет-ботот на Google, базиран на AI, направил една голема грешка при претставувањето, по што вредноста на компанијата падна за 100 милијарди долари. Мејлот испратен од вработените до извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, бил следниот: „Се наоѓаме во момент кога оваа технологија се развива со голема брзина, а нејзиниот потенцијал е исклучително голем, што на компанијата и отвара значителни можности“.

Тоа значи дека Google во следниот период ќе се фокусира на усовршување на чет-бот технологијата. „Најважната работа што можеме сега да ја направиме е да се фокусираме на развој на одличен производ и одговорно да го развиваме“, напишал на мејлот.